Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење како последица од невремето што попладнево го зафати Скопје. Паднатото дрво е кај Драмскиот театар.

Во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции