Египетските научници го отворија црниот александриски саркофаг и во него открија три мумии.

https://denesen.mk/galerija-i-video-neverojatno-od-egipet-otkopan-najgolemiot-sarkofag-vo-istorijata-a-do-nego/

Тогаш настанал шок кај присутните и тие побрзале да се евакуираат, плашејќи се од евентуално проклетство кое ќе им се пренесе на тие што го отвориле и присуствувале на отворањето на црниот саркофаг, по што целата операција била стопирана.

Сепак работата продолжила, а шефот на Управата за древни споменици во Египет, Мустафа ал Вазири, истакнал дека пронајдените мумии не им припаѓаат на членови на некое кралско семејство од птоломејскиот или римскиот период зашто на него нема никакви написи.

Тој истакнал дека мумиите се оштетени од вода која преку пукнатини навлегла во саркофагот.

Научниците сега треба да откријат кој навистина бил погребан во саркофагот, откако ќе се уверат дека никакво проклество од него нема да ги погоди.

Инаку, во западните медиуми веќе се појавија шпекулации кои немаат врска со вистината, а според кои можно е саркофагот да му припаѓал на Александар Македонски.

По отворање и тоа тврдење дефинитивно е отфрлено.