Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама (55), ги изненади присутните на Греми 2019 со неочекуваното појавување на сцената во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.
Сопруга на Барак Обама буквално блесна во светкава комбинација од Sachin & Babi покрај водителката Алиша Кис, Лејди Гага, Џенифер Лопез и Џејда Пинкет Смит.
Петте дами одржаа говори во кои ја истакнаа и прославија важноста на музиката.
„Музиката секогаш ми помагаше да ја раскажам мојата приказна. И знам дека тоа е така за сите присутни тука. Без разлика дали сакаме кантри, или рап или рок, музиката ни помага да се изразуваме себеси – нашето достоинство и тага, нашите надежи и радости. Ни дозволува да се слушаме еден со друг, да ги каниме другите во себе. Музиката ни покажува дека сето тоа е важно, секоjа приказна во секој глас, секоја нота во секоја песна, дали сум во право дами?“, рече Мишел во својот говор.