Ноќеска во Штип изгорело возилото на началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски.

Како што објави ТВ Канал 5, портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, потврдува дека во населбата Сењак, на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „Ауди 3“, а пријавата стигнала од граѓанин во 3 часот.

Веднаш пожарникари интервенирале и не дозволиле огнените јазици да ги зафатат другите паркирани возила. Истрагата треба да открие дали автомобилот сам се запалил поради некои неисправности или станува збор за намерно палење на возилото на началникот на СВР Штип.

https://www.youtube.com/watch?v=Ze2FDnW1H-g&t=1s