Израелската армија денеска уништи повеќекатна станбена зграда во југозападниот дел на градот Газа, откако претходно ги предупреди жителите да ја напуштат областа.
Во соопштение армијата наведе дека станува збор за објект кој, како што се тврди, бил користен од Хамас. Локални медиуми јавуваат дека цел на нападот била зградата „Суси“, сместена до „Руја“, за која израелските сили претходно најавија дека ќе биде бомбардирана.
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како зградата, висока околу 15 ката, се урива по серија експлозии, оставајќи зад себе облак прашина. Министерот за одбрана Израел Кац сподели видео од нападот со коментар „Продолжуваме“.
Вчера, по уништувањето на друг блок, тој напиша„Започнавме“.
ממשיכים pic.twitter.com/q4lwpHiUVx
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) September 6, 2025