Роберт КЕНЕДИ ЈУНИОР
За време на КОВИД кризата, Америка имаше најмногу мртви во однос на било која друга земја во светот. Ние имавме 16% од смртните случаи од КОВИД, а имаме само 4,2% од светското население.
Ни беше кажано дека Хаити ќе биде збришано од КОВИД затоа што тие нема да можат да си дозволат да ја купат вакцината и да го вакцинираат наслчеението. Тоа го кажа Бил Гејтс. Еве што тој рече:
„Државите во светот со ниско ниво на приходи ризикуваат да не добијат доволно вакцини. Никој не треба да умре од болест што може да се спречи и превенира едноставно затоа што земјата во која живее не може да си дозволи да ја купи вакцината.“
Тоа се зборовите на Бил Гејтс. Но, погосете, Хаити имаше стапкаа на вакцинација од 1,3%, а ние имавме вакциниравме 87% . Нигерија имаше стапка од 1,4% вакцинирани. Е, сега, Хаити имаше 14 смртни случаи од КОВИД на милион жители, а ние имавме 300 мртви на милион жители. Двеста пати повеќе.
Црните Американци умираа со 200 до 300 пати поголема стапка од црнците во најсиромашната земја на хемисфера. Кога ЦДЦ беше прашан зошто имаме највисоки стапки на смртност, рекоа дека не се виновни тие, затоа што Американците умираа поради тоа што многумина од нив имаа хронични болести и луѓето кои починале од КОВИД биле луѓе кои биле дебели и имале астма и автоимуни болести итн. Починатиот Американец од КОВИД во просек имал 3,8 хронични заболувања. Така што нас не убиваа хроничните болести, а не КОВИД. КОВИД не ги убиваше здравите луѓе, туку тие кои веќе беа болни.