Роберт КЕНЕДИ ЈУНИОР
Ќе откриеме зошто Америка ги има најболните деца на светот. Нема народ во светот што има толку болни деца како нашите. Трошиме два до три пати повеќе од она што Европејците го трошат за здравството и имаме најлоши резултати. Ние сме 79-ти во светот по здравствени резултати. Ние сме зад Монголија, зад Куба, зад Никарагва, зад Костарика.
Изгубивме пет години од просечниот животен век од 1970 година во споредба со европските земји.
За време на КОВИД, Америка имаше најголем број на мртви од која било земја во светот. Имавме 16% од смртните случаи од КОВИД во нашата земја, но имаме само 4,2% од светското население. Ни беше кажано дека Хаити ќе биде збришан од КОВИД бидејќи нема да можат да си ја дозволат вакцината. Нигерија ќе биде збришана – така ни кажаа Бил Гејтс и Фаучи.
Хаити имаше 1,3% стапка на вакцинација! Ние во САД имавме околу 87% стапка на вакцинација. Хаити имаше 13 смртни случаи на милион население; ние имавме 300. Значи, имавме 200 пати поголема стапка на смртност.
Кога во Центарот за болести (ЦДЦ) беа прашани зошто имаме највисоки стапки на смртност, тие рекоа: „Не е наша вина. Тоа е затоа што Американците се болни“. Ги имаме сите овие хронични болести, а луѓето кои починаа од КОВИД беа луѓе кои беа со прекумерна тежина, имаа дијабетес, астма и автоимуни болести.
Просечно, секој кај нас кој починал од КОВИД, според ЦДЦ, имал 3,8 хронични заболувања. Значи, хроничната болест ги убиваше. Тоа било хронична болест која ги донела до смрт, КОВИД само го забрзал тоа.
Но, не ги убиваше КОВИД – КОВИД не убиваше здрави луѓе. Убиваше нездрави луѓе, а ние ги имаме најнездравите луѓе во светот. Затоа имавме висока стапка на смртност.
Зошто нашата земја, која некогаш го имаше најдобриот здравствен систем во светот кога јас бев дете, сега страда од најлошото здравје од која било земја на светот? Тоа нè тоне економски – нашите трошоци за здравствена заштита се пет пати поголеми од нашиот воен буџет. Ова е она што ја банкротира нашата земја повеќе од било што друго.