Навивачката група „Комити“ објави соопштение дека и покрај најавата тие биле спречени да го чествуваат македонскиот револуционер Гоце Делчев.
– И покрај фактот што сме уредно најавени дека положуваме цвеќе по повод 150 годишнината од раѓањето на вечиканот на Македонската револуционерна борба, СВР Скопје без никаков основ го попречува нашето слободно движење, објавија „Комити“ на нивниот официјален Фејсбук профил.
Тие натаму додаваат:
– Антимакедонска Македонија! Во моментов е блокиран „Рекорд“ во центарот на Скопје, порачаа „Комити“ во својот пост на Фејсбук.
Во објавеното видео се слуша песната за Гоце Делчев што „Комити“ ја пеат протестирајќи низ Скопје.