На годинашнава прослава на Водици во Скопје, за разлика од претходни години, кога скокачите по крстот се натпреваруваа кој прв ќе стигне до него, овојпат манифестираа заедништво во фаќањето на Чесниот крст во реката Вардар.
За разлика од порано, како што се гледа и од видеото на порталот Инфомакс, верниците годинава прегрнати, сложно и братски го дочекаа и сите заедно го фатија. Наградата за тоа се одлучија да ја донираат во добротворни цели.
Младите Македонци кои го извадија крстот од осветената вода на излегување му испратија порака и на новиот премиер на Република Македонија, Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на верската церемонија.
Ковачевски и покрај силното озвучување можеше да ја слушне пораката во еден глас: Никогаш Северна, само Македонија!
Видеото на Инфомакс може да го погледнете ТУКА.