За време на модна ревија на Кристијан Диор Круз во Маракеш, Мароко, на огромната модна писта се појави и ненајавен гостин – мачка, којашто со својата ноншалантност и елеганција ја освои публиката.
Мачето се појави во моментот кога моделите на крајот од ревијата излегоа на сцената да се поклонат пред публиката. Се чини, симпатичното животинче им ја украде славата, одејќи во спротивен правец од нив.
Лежерното дефиле и спонтаноста на мачето станаа хит на интернет.