Во Италија денеска избил вистински хаос пред натпреварот меѓу Пиза и Верона во рамки на седмото коло од Серија А. Пред почетокот на дуелот, кој започна во 15 часот, на улиците на Пиза дошло до жесток судир меѓу навивачите на двата клуба.

Снимки од местото на настанот, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, прикажуваат масовна тепачка, во која хулиганите користеле метални шипки, факли и друга пиротехника, а дел од нив биле со мотоциклистички кациги на главите.

Засега нема информации за приведени или повредени лица, но полицијата интервенирала за да ја смири ситуацијата пред почетокот на натпреварот.

Инаку, Пиза е нова во Серија А и досега има освоено само два бода, додека Верона има еден повеќе, што придонело за дополнителни тензии меѓу навивачките групи.