Видео со опасна забава на матурант по неговиот живот е објавено на социјалните мрежи, од кое се гледа ученикот качен на покрив од автомобил, на матурска забава, а по предупредувањето за опасноста на полицаец му покажува „среден прст“.
Од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет.
– За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во полициска станува Карпош и против него ќе биде поднесена соодветни прекршочна пријава, велат од МВР.
Реакции и коментари има и од граѓаните кои се против ваквото опасно и недолично забавување, па макар тоа било и на матурски журки.
Видеото може да го отворите ТУКА.