Скопјанецот Кире Радевски, кој одлучил смогот во Скопје да го замени со чист воздух во кичевското село Белица, каде што живее, деновиве беше многу среќен откако по четири дена талкање низ шумата, неговото милениче, срнчето Бамби само се врати во неговиот дом.

– Денеска е посебен среќен ден за фамилијата, која е позната по тоа што го чува срнчето Бамби. Посебен е затоа што во неделата во 14,15 часот, срнчето Бамби било пуштено надвор во дворот, во бавчата и две кучиња го нападнале. Тоа уплашено побегнало в шума. Кога газдата Кире слушнал веднаш тргнал по него да го бара, пишуваат на Фејсбук страницата Белица.

Газдата Кире, кој е љубител на природата и животните, залудно го барал и го довикувал низ шумата.

– Цело попладне ни трага ни глас од срнчето. Така продолжил и во наредните четири дена да го бара низ планинското подрачје. Тажен, изгубил секаква надеж дека Бамби ќе се врати. Но, денеска сабајле во 8,30 часот срнчето повторно си ги гушна своите газди кои го сакаат и го хранат како свое дете. Среќни сме сите што знаевме што се случи со Бамби. Не знаевме дали повторно некогаш ќе се врати. Затоа ги молиме сите луѓе што не следат и што имаат познавања за животните, да помогнат дали има можност да се стави некаков чип и ознака за срнчето за да може да се следи и лоцира кога би се случила ваква или слична ситуација, порачаа на Фејсбук страницата Белица.

Кире, кој неизмерно го сака и го негува како дете, срнчето Бамби го пронашол и го спасил од сигурна смрт уште како малечко.

Denes e poseben sreken den za Familijata koja e poznata sto go cuva srnceto Bambi ? Poseben e zatoa sto vo nedelata vo 14,15 casot srnceto Bambi bilo nadvor vo dvorot pusteno vo bavca i dve golemi kucinja go napadnale, toa uplaseno pobegnalo vo suma i tie go brkale koga gazdata slusnal odma trgnal po nego da go bara kucinjata gi sretnal a srnceto prodolzil da go bara i vika po nego celo popladne ni traga ni glas od nego, taka se nastavi cetiri dena da se bara na ogromno planinsko podracje so noki neubo prespoeni se izgubi sekoja nadez deka Bambi ke se vrati denes rano sabajle vo 8,30 casot srnceto povtorno si gi gusna svoite gazdi koi go sakaat i hranat kako svoe dete. Vo ovoj moment srekni sme site sto znaevme sto se sluci i sto bevme tazni za srnceto Bambi, neznaevme dali povtorno nekogas ke se vrati po toj povod e pravev ovaa snimka i sme ubavo pocasteni od sreknata Familoja na Kire. Gi molime site luge sto ne sledat i sto imat poznavanje okolu zivotmite dali ima moznost da se stavi nekakov cip i oznaka za na use za da moze da se sledi i locira koga bi se slucila vakva ili slicna situacija. Blagodarime na sekoja vasa informacija ????

Gepostet von BELICA – БЕЛИЦА am Mittwoch, 27. Februar 2019