Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше пречекан со почести во Обединетото Кралство на значајна средба со лорд Вернон Коукер, државен министер во британското Министерство за одбрана.

– Со лорд Коукер разговаравме за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот и пошироко. Заеднички заклучок е дека нашите одбранбени односи се темелат на заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса која ќе остане гарант за безбедноста на евроатлантската област, порача министерот Мисајловски.

Мисјаловски додаде дека изразил благодарност за поддршката и посветеноста на Обединетото Кралство кон нашите заеднички цели и вредности.

– Посветено продолжуваме да градиме партнерства кои ја зајакнуваат стабилноста и мирот, заклучи македонскиот министер за одбрана.