Нема проблем ако немате готовина пари во кесето, кај хармоникашот Жељко Ѓакиќ од Бања Лука, во Босна и Херцеговина, за музиката можете да платите и со платежна картичка.
Хармоникашот Жељко на својата хармоника поставил ПОС терминал за плаќање со картичка. Така сега, покрај стандардното плаќање со лепење банкноти на свирачот, за свирката може да се плаќа и со картичка.
Ако ве интересира може да го погледнете и видео прилогот ТУКА.