Таа е глува, полупарализирана 32-годишна девојка од Шарлота, САД. Се вика Мекинон Галовеј. Имала четири операции од тумори на мозокот, на 17 години ја примила првата хемотерапија, на 21 година при операција останала глува на едното уво, следувала хемотерапија, епилепсија, татко ѝ се самоубил, на 28 и 29 години имала уште две операции на мозокот и за да не биде и тоа малку – следувал мозочен удар…

Сега има 32 години, се бори, не се откажува и таа е своевидена инспирација и пример за неверојатен дух кој не отстапува од животот и при сите неволји. Се преставува како застапник на глуви и парализирани лица која ги претвора најтешките моменти во животот во лекции што лекуваат, инспирираат и поврзуваат. На своите канали на социјалните мрежи споделува вистински приказни, сурова мотивација и практични алатки за секој што се справува со неволји, од медицински патувања до наоѓање на својот глас во свет на слушатели. Ова е нејзината неверојатна приказна:

„Кога имав 16 години, ми дијагностицираа тумори на мозокот NF2. Кога имав 17 години, ја примив првата хемотерапија. Кога имав 18 години, ја имав првата операција на мозок. Кога имав 19 години, пронајдоа шест тумори на ‘рбетот. Кога имав 20 години, учествував во прва фаза медицинско испитување, кое преминува веќе од глувци на луѓе. Тоа беше лудо.

Кога имав 21 година, ја имав втората операција на мозок каде што изгубив слух во едното уво. Кога имав 22 години, повторно бев на хемотерапија. Кога имав 23 години, добив епилептичен напад и ми дијагностицираа епилепсија. Кога имав 24 години, имав алергиска реакција на лек за епилепсија и тоа ми ја промени личноста со години. Не знаевме што се случува. Мислевме дека конечно полудев.

Кога имав 25 години, татко ми си го одзеде животот. На 26 и 27 години, повторно бев на хемотерапија. На 28, моравме да ги смениме лековите за рак бидејќи тие не функционираа. Кога наполнив 29 години, ја имав третата и четвртата операција на мозок. Добив целосна парализа на едната страна од лицето, како и мозочен удар и целосно оглувев. Тоа беше многу тешко.

Кога наполнив 30 години, имав 30 зрачења. Кога наполнив 31 година, конечно добив мал одмор. Имав само лекарски прегледи и магнетна резонанција. И кога наполнив 32 години, повторно сум на терапија.

Многу луѓе ме прашуваат: „Како сум толку среќна?“ Не станува збор за живот без болка. Станува збор за живот со значење. Затоа, ја земав целата таа болка и ја претворив во цел. Сега им помагам на што повеќе луѓе, колку што можам и колку што можам подолго, затоа што верувам дека кога им помагаш на другите, тоа не само што им помага, туку те лекува и тебе.

Затоа, ако се бориш со нешто, те охрабрувам да помогнеш на нешто. Не мора да е личност, но помогни на нешто затоа што ќе те излекува на начини што не можеш ни да ги замислиш.“