Чудо на природата, магарешко сирење. Бело, масно и вкусно. Уникатното српско магарешко сирење, не е само вкусно, туку добро и за здравјето, вели производителот Слободан Симиќ од Србија за Гласот на Америка.
Еден килограм чини 1.000 евра и можеби тоа е најскапото сирење во светот. Во фармата на Симиќ одгледуваат 250 магарици кои ги молзат и од нив произведуваат сирење и други производи.