Гајдата како народен иснтрумент во македонскиот фолклор сме навикнале да ја гледаме во рацете на машки инструменталисти и се смета за „машки инструмент“.
Но, дека тоа не е правило, дека и девојка може маестрално да свири на овој инструмент покажува и прилепчанката Елена Јовческа, која настапува не само во Македонија туку и меѓу Македонците низ светот.
Реткост е жена да свири на гајда, уште поголема реткост е девојка… А кога на тоа ќе се додаде и уште убаво македонско девојче, задоволство е да се слуша писокот на гајдата.
Погледнете како гајдаџиката Јовческа го весели народот.