Во затворот Идризово вчера попладне се случи масовна тепачка, објави ТВ 21.

Од снимките кои ги обезбеди ТВ21, може да се види дека се работи за десетици затвореници кои се чини дека имале вербален конфликт, кој потоа прераснал во физичка пресметка.

Засега не се познати мотивите за ова насилство.