Градежен работник во Босна и Херцеговина откако не ги добил парите за завршената работа, доаѓа кај газдите и почнува да крши тоа што изградил заедно со неговите работници.
Тоа е приказната од видеото кое стана вирално на интернет.
Откако не му платиле за неговиот труд, градежниот работник Мухамед К. решил да ги исскрши стаклата од куќата во која што работел.
Овој настан се случил вчера во Печиград кај Велика Кладуша. Газдите на куќата не сакале да му платат на мајсторот Мухамед К. за градежните работи што тој и неговиот градежен тим ги извршиле за нив.
Пред почетокот на работите, сопственикот на куќата дал аванс за почеток на изградбата. Потоа, како што објавуваат медиумите, сопственикот не им платил ниту денар на мајсторите.
Мухамед К. е мајстор градежен работник кој ги издржува семејството, трите деца и им исплатува на работниците со кои работи.