Германката Михел Кобке (29) од Берлин објави дека е вљубена во авион кој го запонала пред пет години на аеродром и планираат венчавка.
Точно, нејзиниот „избраник“ е патнички авион Боинг 737-800 на кого му дала име Шац.
– Ме привлекоа неговите крила и мотори, истакнува Михел и додава дека секоја ноќ спие со нејзиниот „миличок“, со вистинските компоненти или моделот од 1,6 метри.
Таа напоменува дека за оваа љубов има поддршка од целото семејство. Вели дека после пет години љубов таа и авионот заедно планираат венчавка.
– Шац е мојата прва љубов. Ова е најубавиот однос кој можете да го замислите, вели таа.
Објектофилијата е облик на сексуалност насочен на предмети. Луѓето со таква склоност може да имаат силни чувства на привлечност, љубов и припадност спрема предметите од нивната фиксација.
Некои објектофили веруваат во анимизам, т.е. чувство на возвраќање. Тие сметаат дека објектите имаат душа, интелигенција и чувства и дека може да комуницираат.
– Бидејќи сум во врска, јас патам зашто до мојата љубов можам да дојдам само кога летам со неа, вели Германката и заклучува, „сакам да се омажам за својата душа и да живееме заедно во хангар, тоа е посебен вид на љубов која никого не може да повреди“.
Пред повеќе години имаше сличен случај на заљубена девојка во Железничка станица, со која „водеше љубов“, но немаше венчавка.