Некст тајм и Слаткаристика вчеравечер го промовираа најновото музичко парче, насловено како „ОКЕАНИ“, кое ги освои македонските срца, особено оние кои повеќе не живеат во својата татковина.

„После 10 години се враќаме на сцена со нова авторска песна. Заедно со Слаткар направивме една многу интересна песна искомбинирана од повеќе музички стилови. Се надеваме ќе допре до сите“, велат Стефан и Мартин.

Самите изведувачи се потпишуваат како автори на „Океани“. Имено, текстот е дело на Стефан Филиповски и Лазар Цветковски, додека музиката е на Лазар и Слаткар. Режисер на спотот е Мартин Филиповски, а за реализацијата е одговорен Кристијан Теодоров.

„Како нѐ рокнавте во срце нас иселениците“, „Тешко на печалбарите со песнава“, Тој што го доживеал ова што е испеано, најдобро ја разбира песнава“, „Удира директно во срце, го знаеме тоа чувство сите што сме далеку од дома“, „Ова не е песна, ова е песниште“, „Имаме нова химна“, се само дел од многуте коментари.

„Океани“ за неполни 24 часа руши рекорди на сите платформи. Слушнете ја и споделете ја новата химна на сите кои живеат далеку од Македонија.