Во екот на создавањето на новокомпомпонираната историја во Македонија, во Бугарија ечат новокомпонираните македонски песни како бугарски.

Можеби и оваа новосоздадена македонска песна доволно говори за апсурдот што ни се случува со историјата. Песната „Една мисла имаме“ ја испеа сега покојниот Војо Стојановски, а еве (во видеото) како звучи од бугарска уста и пејачка во духот на „пријателството и добрососедството“.

Ако може да се присвојуваат македонски авторски песни што се испеани вчера, што останува за историјата што се „пеела“ завчера и преквчера…

Слушнете го оригиналот на македонската песна и бугарската верзија и можеби за една нота ќе биде појасно како „Македонија краде историја“ од соседите.

(Д.Г.)