Ситара Вафадар е една од шесте сестри во семејството, се облекува, живее, работи како машко и мечтае за долга коса и женски алишта.
– Јас сум Ситара, имам 18 години, и откако сум родена се облекувам во машки алишта. Работам со татко ми во фабриката за тули. Сакам да бидам и девојка во фамилијата, но немам избор оти треба да се грижам за мојот татко. Мајка ми е слаба, а ние сме пет сестри, вели девојката која се преправа во машко.
Како што објави РСЕ, „баша почи“ е авганистански обичај женско да се облекува во машки алишта и да се преправа во машко.
Видеото може да го погледнете и ТУКА.