Најновата снимка што ја објави Викиликс, наводно, прикажува исечоци од снимањето на лажирано слетување на Месечината.
На снимката може да се види реакција на екипа сниматели и монтажери, студио, рефлектори, авиони, возила кои се бучни додека се движат, иако, како што се тврди, во вакуум не е можно да се слушне било каков звук.
Се тврди дека сето тоа е снимено во пустината Невада во САД.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, неодамна беше уапсен од полицијата, па оваа објава се смета за негова одмазда и дека наводно вакви снимки, ќе има и понатаму.
Погледнете го видео-записот и одлучете дали станува збор за теорија на заговор или навистина се става под прашалник слетувањето на Аполо 11 на Месечината.
Тоа се снимките од Викиликс, а од 1969 година ни беше познато дека човечка нога зачекори на Месечината.
Аполо 11 бeше мисија од програмата Аполо и прво човечко слетување на Месечината.
Вселенското летало Аполо 11 било лансирано на 16 јули, 1969 година, од космодоромот Кејп Кенеди во САД. Екипажот на вселенското летало бил составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Првата фотографија, направена од Нил Армстронг на Месечината.
На 20 јули, Нил Армстронг и Едвин Олдрин се спуштиле на лунарната површината и ги направиле првите чекори на Месечината во историјата на човештвото. Мајкл Колинс за тоа време орбитирал околу Месечината.