Повторно вечерва автомобил влезе на централниот плоштад Македонија во Скопје, кој е пешачка зона.
Возачот го паркира белиот автомобил пред споменикот на Цар Самоил, ги активира четирите трепкачи, излезе од него, клекна пред споменикот, се поклонуваше и се крстеше.
Видеото од овој настан се врти на социјалните мрежи, а го објавија и повеќе медиуми. Како што е веќе познато, пред неколку дена во пешачката зона во центарот на Скопје имаше сличен случај.