Никогаш северна, само Македонија, порачува Пакистанецот Харун кој живее и работи во градчето Гунзбург во покраината Баварија во Германија.
Тој таму работи со Македонци, од кои научил за историјата и за тоа што денес го преживува Македонија. Харун одлично зборува англиски и германски јазик, а благодарение на двајцата Македонци со кои работи учи и македонски.
Тој сега знае за минатото на Македонија, но и за промената на името годинава, а македонски засега научил доволно колку да ја испрати пораката од видеото.