Велешанецот Трајче останал без пензија, отпремнината била исплатена на трето лице откако административно во подрачната единица на ПИОМ бил заведен како починат.
Приказната на ТВ 24 е доказ дека административна грешка може да чини здравје на еден човек и да предизвика измешани чувства. Во сторијата се истакнува дека од ПИОМ признале дека е направена голема грешка.
– Чувството дека те прогласиле за мртов, а ти си жив е навистина непријатно, вели тој за ТВ24.
Оваа сторија го отвора и едно од клучните прашања: дали ваквите административни грешки се исклучок и дали воопшто некој сносува одговорност за истите?
Извор: ТВ 24