На кулата е истакнато знамето на Северна Македонија со црна лента и натпис „Србија стои со Македонија“. Се емитуваше и видео од запалена свеќа со натпис „Кочани“.
Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, кој избувна во три часот по полноќ за време на концерт, според последните информации загинале 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 критично.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе прими некои од тешко повредените во пожарот во Северна Македонија, кои ќе мора да останат неколку месеци во болниците.