Жена во Сиднеј, Австралија, излегува од супермаркет со децата, од кое, едное во детска количка, ако добро може да се види од видеото.
Полицаец и се приближува и сака да ја уапси зашто не носи маска, и згора на тоа, бара да и ја претресе чантата. Откако жената му се спротивставува, тој се потргнува настрана, се јавува во станица, а откако оттаму веројано го караат, се враќа да и се извини.
Патем, и го дава запишано на ливче своето име за да може и писмено да поднесе жалба против неговото однесување.
Сцената ја емитува новинарот Ави Јемини (позајмена му е од нечиј ФБ профил или му е испратена), кој се специјализираше да го лови неверојатно манијакалното и простачко однесување на полицијата во Мелбурн кон многумина кои се спротивставуваат на новите заклучувања во градот (14 по ред) и на новите мерки кои властите ги наложуваат поради корона вирусот.
И покрај тоа, бројот на случаи во Австралија постојано се зголемува. Несфатливо е дека Австралијците не научија од искуствата на другите земји дека и со заклучувања, нема да можат да го спречат вирусот. Идејата на властите е да ја држат земјата затворена, се додека не се постигне имунитет преку вакцини, нешто од што другите земји, освен неколку, се откажаа, барајќи начин како да го спречат вирусот преку ран третман на заразените.