Ќе дојде ден кога Бугарите ќе пеат „Од Черно Море до Охрид и од Дунав до Егеј, един народ живее“, вели бугарскиот полковник Јорадн Костадинов.
Тој е пензиониран професор на бугарската Воена академија. Во интервју за бугарската ТВ Онер во емисијата „Операција историја“ говори со „многу жар и емоции“ за „бугарскиот карактер на Македонија и за уништување бугарски артефакти“ од Втората светска војна во Република Македонија.
Во емисијата се акцентира дека „вирусот на омразата завладеа до Скопје“. Во видеото може да го погледнете целиот разговор.