Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро.
-Вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско Езеро. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен, објави Стефковски.
Тој додава дека се очекува да има прекин и на електричната енергија.