Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот, информираат од тетовската пожарникарска единица.
Поради пожарот, голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар.
На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со де возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци.
Пожарот ја „голта“ фабриката, голем чад се издига над селото, а граѓаните само немоќно гледаат.
Голем густ црн чад се надвиснува над Општина Боговиење.
Млекарата „Хит 73“ оддалечена на околу 10 километри од центарот на Тетово.
Порталот portalb.mk објави видео