Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг Оф“ ќе се оджи на 6-ти септември 2018 г. во 20.30 часот во кино салата Синеплекс. Филмот е проект на продуцентската куќа Аурипигмент од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6-ти септември на редовниот репертоар во Синеплекс и низ кино салите ширум Македонија.
Мејкинг оф“ е интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.
Кинематографер е Марко Петрушевска, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски