„За патот до СЕБЕ и до БОГ или за духовните скалила!“
Огромен е бројот на оние кои не веруваат дека постои БОГ! Но, огромен е бројот и на оние кои не веруваат дека ЧОВЕК МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ, од грешник кон светец, од глупак кон мудрец, од ЗОЛ кон ДОБАР….
Секој кој ја отфрла можноста за ПРОМЕНА ја отфрла и вистината за БОГ, таков, каков што ТОЈ навистина Е.
Патот до БОГ е ПАТ на ПРОМЕНА, ПАТ на созревање, усовршување, морално очистување…
Без личносна промена не е возможно да ја разбереме вистината за БОГ, но и вистината за постоењето!
Без личносна промена секое говорење за БОГ е манипулација, злоупотреба, искривување, карикатура…., па затоа секоја црковна заедница во која не се негува ЛИЧНОСНА ПРОМЕНА и ПРЕОБРАЗБА станува непотребен, маргинален, дури криминално – карикатурален дел од едно општество!
БОГ од секоја личност бара БУДЕЊЕ од хипнозата на сатанското ропство, а по ова БУДЕЊЕ започнува ПРОМЕНА, ПРЕОБРАЗБА, СОЗРЕВАЊЕ, оформување за вечност….така некако изгледа ПАТОТ ДО СЕБЕ И ДО БОГ!
презвитер Ивица Тодоров
+++
(Целосното предавање погледнете го на постираното видео)