Полицијата во Тексас во 11 часот по локално време добила дојава за пукање во близина на трговскиот центар Валмарт во градот Ел Пасо.
Најмалку едно лице е загинато, а 18 се повредени со прострелни рани. Полицијата е на терен. На снимките на социјалните мрежи се гледа како повеќе луѓе неподвижно лежат на паркингот пред трговскиот.
Полицијата уапсила три лица, а акцијата е во тек. Не се знае колку тешко се повредени застреланите 18 лица. Целото подрачје го надлетуваат хеликоптери.
Трговскиот се наоѓа на само неколку километри од мексиканската граница. На социјалните мрежи има информации за поголем број загинати и дека напаѓачот почнал со калашникови да пука кон луѓето на паркингот пред трговскиот.
Полцијата соопшти дека има повеќе напаѓачи и го предупреди населението да остане во домовите.