Пензионери од здружението биле повикани во Домот на АРМ во Скопје за предавање за решавање на нивните проблеми, од страна на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, но наместо тоа, дошол кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски да држи кампања.
Ова преку ТВ Алфа го соопшти претставничка на пензионерите, која револтирано говори за злоупотребата на пензионерите, за што упати апел да се произнесе и ДИК. Погледнете и слушнете што порачува во своето јавување граѓанката.