Новинарот на ТВ Клан Македонија, Фуркан Салиу, направи ексклузивен видео-разговор со Алексеј Столаров, еден од двајцата руски комичари, кои настапуваат како Вова и Лексус.

Стојларов раскажува голем број интигри поврзани со мега скандалот кој ја потресе македонската политичка сцена.

Покрај видеото го објавуваме и транскриптот, во кој објаснуваат зошто бил одбран Зоран Заев и зошто руските пранкстери претстанале да се шегуваат со него.

Салиу: Алексеј зошто го одбравте господинот Зоран Заев?

Столаров: Ние го одбравме првиот пат кога чувме дека тој вели дека Русија се обидела да се вмeша во внатрешните работи на Македонија и се обидела да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО. Потоа слушнавме како Русија се обидела да организира пpoтести минатата година. Така ја направиме нашата одлука да му се јавиме и го контактиpaвме и потоа разбравме дека сака да продолжи да разговара со нас. Така што само го зачувавме неговиот телефон и разговаравме со него во текот на една година. Ние се сетивме за него.

Салиу: Зошто одлучивте да го споделите видеото сега?

Алексеј: Мислиме дека нема да добиваме интересни работи од него и умopни сме од разговорите со него. Така што немаше специјален датум кога требаше да го споделиме видеото. Се е случајно. Така што имаме многу различни материјали со различни светски лидери, па нашата одлука да го постираме денес видеото беше случајна.

Салиу: Како ги избирате вашите жppтви, го видов вашиот ТВ канал видов дека имате многу видеа, како ги избирате вашите жртви?

Столаров: Вие викате жpтви, некои луѓе ги нарекуваат жpтви, но тие се жртви на шеги и зафрканции. Ние ги избираме според нашиот принцип, најпрвин треба да станува збор за интересна личност. За нас Зоран Заев беше непознат пред да го видиме во нашите вести. Ние ги избираме според нивната популарност. Гледаме дека некои светски лидер кажува нешто и го избираме само поради тоа, се обидуваме да го исконтактираме и да се шегуваме со него.

Салиу: Гледам дека сте се шегувале со многу луѓе, имате ли некој дрруг интерес во случајот на нашиот премиер? Или тоа само го правите поради забава?

Столаров: Ние го сторивме тоа само поради забава, се разбира станува збор за шега. Но исто така бевме заинтересирани што тој мисли за Рушија и мешународната политика. Што тој мисли за многу нешта. Ние побаравме од него да ни каже дали мисли дека Русија се вmeшала во внатрешните работи на Македонија и што би сакале да направите со референдумот, како ќе ги броите гласовите, што ќе се случи на референдумот. Но тој почна да разговара со нас многу искрено и направи многу нешта кои ние не ги побаравме од него.

Салиу: Во ред, јас гледам вие се шегувате со високи претставници кои можат да кажат нешта кои можат да создадат проблеми, особено во региони како Балканот. На пример некои работи кои нашиот премиер ги кажа за Косово и Србија, дали сте загрижен за тоа?

Столаров: Знаете дека ние не сме специјалисти за Балканот. Ние понекогаш патуваме низ Балканот и сме слушнале многу работи, поентата е што Македонија, Црна Гора, Србија тие треба да ни бидат и ќе ни бидат пријатели бидејќи нашите народи сакаат да бидат пријатели. И за проблемите, не направивме никакви пpoблеми за земјите со кои се шегувавме. На пример се имаме шегувано со Хрватскиот премиер, Црногорскиот премиер претходно и премиерот на Косово и многу други луѓе.

Салиу: Имате ли други видеа од политичари на Балканот кои што не сте ги споделиле?

Столаров: Во моментов не, но балканската тематика ни е интересна и веројатно во иднина ќе контактираме некој.

Видеото може да се отвори ТУКА.

https://www.facebook.com/watch/?v=333853137548788