Ученикот Вања Ѓорѓиоски од ООУ Климент Охридски Прилеп денеска беше пречекан со шампионски шпалир од неговите соученици, за освоениот златен медал на Светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо што од 28 до 30 септември се одржа во Рим во Италија.
Како што објави порталот Маркукуле, Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…
Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои првото место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.
Денеска Вања пристигна во своето училиште, каде го пречекаа сите ученици со шампионски шпалир. Учениците од сите генерации го извикуваа неговото име, а Вања срамежливо помина поздравувајќи ги своите другарчиња.
Видеото може да го отворите ТУКА.