Празнувањето на Ноќта на вештерките или Хелоувин, создаде реакции од повозрасните штипјани, објави ТВ М-Нет.
Граѓаните велат дека секое присвојување на туѓите празници, ја отрга важноста на нашите. Додаваат дека се што е добро полека исчезнува, па овој факт силно ги тревожи кога е во прашање иднината на Македонецот.
– Не, мислам дека не би требало. Ние се присвојуваме од Западот, се што не беше добро, а се што беше добро исчезна, затоа сега и општа култура немаме, а не да славиме такви празници, велат граѓани за ТВ М-Нет.
Одбележувањето на овој ден се прави утре на 31 октомври. Овој празиник често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на проколнати места, палење логорски оган, маскембал, резбање тикви, читање страшни приказни и гледање хорор филмови.