Скандалозно излагање на говорница пред советниците имаше и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Ѓорѓиевски кој на секој начин со кршење на законите и деловникот на сила предизборно се обидува да го донесе ребалансот на Буџетот, пренесуваат повеќе медиуми.

-Јас сум составен дел на Советот, јас ги предлагам точките, учествувам од крај до крај, рече на опомената на претседателот на Советот, градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во еден момент Ѓорѓиевски, почна дирекно да ги испрашува советниците, што само по себе е скандал, на што беше опоменат од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека истото се снима и дека за тоа ќе одговара кривично.

Советниците од СДСМ бараа да биде отстранет снимател од салата, поради како што рекоа, бил несоодветно облечен. На ова, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, дека снимателот бил уредно пријавен и дека има легитимно право да снима.

Претседателот на Советот на општина Гази Баба, Тони Бојковски, побара да се повикаат служби и да се измери количеството на алкохол во крвта кај советниците, алудирајќи на оние од редовите на СДСМ, и доколку се пронајде присуство, седницата да биде одложена.

За прв пат во историјата на општина Гази Баба се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Борче Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, информираат од партијата.