ВИДЕО: Скопје зафатено од силно невреме со дожд и град

/ 06.06.2025

Попладнево Скопје беше зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Невремето зафати повеќе делови од градот.

Во повеќе скопски општини беа забележани наноси од град, а граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии од дворови, покриви и возила покриени со слој од град.

Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но се апелира на внимателност и следење на временските прогнози.

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во наредните часови, со можност за нови локални врнежи и грмежи.


Од истата категорија