Снимка од таксист кој за да спречи неговото возило да биде кренато од пајак службата се качи на покривот на возилото се споделува на социјалните мрежи. Од снимката може да се види дека се работи за паркингот кај скопската железничка станица.

По интервенција на полицијата, таксистот бил оддалечен, а возилото одземено.