Охридскиот нуркачки клуб Акватек објави видео со свршувачката под вода, на кое Александар на несекојдневен начин одлучил да ја побара да му биде жена девојката Матеја.
Тој убаво осмилил се, пред да побара од девојката да отидат на нуркање, го ставил прстенот на дното на Охридското Езеро во сандаче.
На видеото се гледа целата приказна во која Александар и Матеја се спуштиле на дното од езерото и почнале да нуркаат, кога стигнале до сандачето Александар го отвара, го вади прстенот и со мимики ја прашува дали сака да се омажи со него…
Останатиот дел од приказната погледнете ги на видеото.