Американскиот новинар Такер Карлсон остро му одговори на британскиот телевизиски водител Пирс Морган, кој тврдеше дека НАТО е одбранбен воен сојуз, прашувајќи го: „Навистина? Каде бевте кога НАТО ја бомбардираше Југославија?“. На крајот од овој дел од разговорот, Морган буквално остана без зборови и не знаеше што да одговори.

Еве го транскриптот од тој дел од разговорот:

МОРГАН: НАТО е одбранбена организација!

КАРЛСОН: Како тоа е одбранбена организација?

МОРГАН: Дефанзивна, одбранбена, затоа што никогаш не дејствувала агресивно, проактивно…

КАРЛСОН: Навистина? Каде бевте кога Југославија беше бомбардирана? Ги бомбардираа христијаните. Се сеќавате на тоа? Тоа беше прилично офанзивно.

МОРГАН: НАТО секогаш дејствувал одбранбено…

КАРЛОН: Молам? Навистина?

МОРГАН: Да!

КАРЛСОН: Така го создадоа Косово? Дефанзивно, одбранбено?

МОРГАН: Да, одбранбено.

КАРЛСОН: Тогаш, кој беше агресор таму?

МОРГАН: Мојот зет беше буквално таму…

КАРЛСОН: Штотуку призна дека тоа што го зборуваш е лудо…

МОРГАН: Не е лудо. НАТО никогаш не дејствувал самостојно агресивно. Никогаш не нападнал никого, без да биде нападнат. Секогаш дејствувал одбранбено.

КАРЛСОН: Добро. Но, кој во Југославија го нападна НАТО?

МОРГАН: Гледајте…

КАРЛСОН: Тука веќе признавате пораз. Климни со главата и кажи: Знаеш што, се поклонувам пред супериорното знаење, бев апсолутно во грешка, не можам да поверувам дека имав толку глупава идеја. Се извинувам.