Штркот Клепетан го нема да се врати во гнездото повеќе од една недела, од трите јајца две се смрзнаа, а едно е сматок, раскажува Стјепан Вокиќ, за 24 Сата, за тажниот крај на 17 годишната идила на двојката штркови.
– Потомци од Малена и Клепетан никогаш нема веќе да има, а досега одгледаа 66 потомци, вели Вокиќ.
Низ светот е позната приказната за љубовта и приврзаноста на двата штрка, Малена и Клепетан во хрватски Бродски Варош, која сигурно е завршена. Клепетан оваа пролет подрани една недела со враќањето кај Малена, која преку зимата останува во Хрватска оти не може да лета. Водеа љубов, Малена снесе три јајца, а идилата траеше три недели. Тогаш се тргна наопаку, пишува порталот.
– Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа 7 јајца, а оваа година нешто лошо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови, вели Вокиќ.
Штрчицата Малена тешко го поднесувала отсуството на Клепетан.
– Постојано е во гнездото, штрака со клунот постојано, и недостига Клепетан. Потоа го става клунот меѓу нозете, како да плаче. Среќа во нејзината несреќа е тоа што 17 години поради скршеното крило Малена есента, зимата и дел од пролетта ги поминува со мене, а сега така ќе биде по цела година. Клепетан ќе и недостига. Но, на свет донесоа 66 птици, има на што да се гордеат, вели Вокиќ.
Поопширна приказна за оваа двојка штркови Денешен објави и пред нешто повеќе од еден месец, на 19 март оваа година. Можете да ја прочитате на овој линк.