ТРАМП: Нема да им дозволам да продаваат во САД. Видете, ако не го сакате доларот, ако не сакате да се потпрете на него како изборна валута, тогаш нема да водите бизнис со САД. Дали знаете што ќе кажат? Многу го сакам доларот. И тоа ќе го кажат сите. Затоа што сега го губиме тоа. Знаете, Кина се обидува да ни го одземе тоа, да го замени доларот. А јас истото ќе и го кажам и на Кина. Како што им наметнав 27,5 отсто такса на автомобилите од Кина. Значи, не можат тие да ни ги затвораат фабриките и да ги губиме работните места. Инаку, тие би ги продавале автомобилите овде. Ако погледнете убаво, ќе видите дека Кина го уништува автомобилискиот бизнис во Европа.
ВОДИТЕЛ: Се обидувам да разберам како ќе најдете пари за вашите мерки?
ТРАМП: Веќе ви одоговорив. Ние економски ќе раснеме како никогаш досега. Ќе имаме огромни работи, ќе имаме компании кои ќе градат фабрики, ќе го пополнуваат местото на фирмите кои заминале…
ВОДЕИТЕЛ: Кои агенции ќе ги затворите?
ТРАМП: Го имаме Елон Маск за тоа, тој умира да го направи тоа. Тој е одличен бизнисмен, одличен деловен човек и тој ќе биде задолжен за кратење на трошоците. Нема да биде во кабинетот. Ќе имаме нова позиција – секретар за кратење на трошоците. Елон сака да го направи тоа. Но, нема да влезе во кабинетот. Елон е малку различен. Ми ветува дека ќе стигне на Марс пред крајот на мојата администрација и се надева дека долго време ќе биде пре дКина или Русија.