Револтирани родители на ученици од гимназијата во Кавадарци објавија видео на социјалните мрежи, за кое тврдат дека е направено во Франција, и на кое може да се забележи дека ученици на екскурзија во оваа земја го туркаат автобусот за да тргне.
Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева за порталот Дума изјавила дека автобусот бил исправен на вонредниот технички преглед и засега екскурзијата се реализирала без проблеми.
Таа тврди дека децата се безбедни, иако на дел од родителите не им се допаѓа тоа што нивните деца мораат да го потурнат автобусот за да запали.