Непознат маж се обиде да го нападне поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко, откако тој излезе од сослушувањето во зградата на Државниот истражен оддел во Киев.
Едно лице скокна на хаубата на автомобилот на Порошенко кога тој по распитот за корупција во претседателскиот мандат, сакаше да влезе во автомобилот, друг ги испрска со солзавец по лицето телохранителите на поранешниот украински лидер.
Во инцидентот учествувале четворица мажи, кои го нападнале поранешниот претседател откако тој бил испрашуван за случаите на корупција додека раководел со земјата.
Претходно, Порошенко даваше изјава за новинарите заедно со својот адвокат по сослушувањето во Државниот истражен оддел во Киев, кое траеше повеќе од еден час.