Претседателот на Русија, Владимир Путин во завчерашното обраќање и со виц ја опиша политичката и енергетската состојба во Европа.
Тој при обраќање на форумот на тема „Светот по хегемонија: правда и безбедност за сите“, раскажа виц за санкциите од ЕУ и САД кои ги воведоа против Русија.
Путин рече дека го слушнал вицот од негов пријател од Германија:
„Доаѓа синот и го прашува таткото: Тато, тато, зошто е толку ладно?
Таткото: Затоа што Русија ја нападна Украина, сине.
Синот: Каква врска има тоа со нас?
Таткото: Ние им воведовме санкции на Русите.
Синот: Зошто?
Таткото: За да им биде лошо на Русите.
Синот: Тато, дали и ние сме Руси?
Тоа е вицот што го раскажа Путин и ја опишува актуелната политичка и енергетска состојба.
Видеото може да го отворите ТУКА.